Sarp Özer
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
АФРИН (АА) - Сарп Озер -
Припадниците на Вооружените сили на Турција (ТСК), за време на претрагата на теренот во рамки на операцијата „Маслинова гранка“, во центарот на Африн открија болница во која е укажувана помош на ранетите терористи. Во посебниот дел на објектот, до кој води тунел од околу 50 метри, е пронајден рендген-апарат како и средства за давање прва помош со потекло од САД, јавува Anadolu Agency (AA).

Припадниците на ТСК продолжуваат со активностите за деминирање и претрага на теренот, за да може локалното население безбедно да се врати во своите домови. Во рамките на тие активности, турските војници го прегледуваат секој објект во центарот на градот што го користеле терористите.

За време на претрагата е пронајден подземен дел во кој е укажувана помош на ранетите терористи. Целта било во посебниот подземен дел на болницата да им се укаже помош на терористите, без да забележат припадниците на безбедносните сили.
До засолништето води тунел долг околу 50 метри, а тука терористите биле задржувани и на лекување.

При претрагата на теренот се откриени и униформи прекриени со крв, што укажува на тоа дека е давана помош на терористите ранети во операцијата „Маслинова гранка“, која започна на 20 јануари.