Ekipa
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Низата демонстрации што беа одржани вчера во САД во знак на поддршка против оружјето, се опишуваат како најголем протест на младите од периодот на Виетнамската војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Собирите „Марш за нашите животи“ се повик на акција од учениците што ја преживеаја минатомесечната пукотница во училиштето во Флорида, во кое беа убиени 17 лица.
На овој марш во Вашингтон, толпата ја исполни авенијата „Пенсилванија“. Десетици илјади тинејџери и нивни поддржувачи со бучно одобрување ги следеа обраќањата од бината на оние што ја преживеаја пукотницата во Флорида.
Една од нив, Делани Тар, потврди дека клучно барање на учениците е законско ограничување на потребите за оружје и нагласи:
„Ќе продолжиме да се бориме за нашите убиени пријатели.“
Во Вашингтон се собраа десетици илјади луѓе, а голем број демонстранти излегоа и на улиците во Њујорк, како и на маршевите во Бостон, Чикаго, Хјустон, Минеаполис и други градови. Повеќе од 20.000 лица се собраа во Паркленд во близина на училиштето, каде што беа убиени 17 лица.