Cem Genco
26 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ХАТАЈ (АА) - Интензивните воздушни напади во сирискиот град Алепо го отежнуваат животот на жителите на овој град, а на медицинскиот персонал му ја отежнуваат работата и укажувањето помош на ранетите кои се сѐ повеќе од ден на ден. Од воздушните напади не се поштедени ни образовните и здравствените институции. Сѐ помалку се оние што се сѐ уште во функција, јавува Anadoly Agency (AA).
Под платформата „Ние сме исламски свет” и фондацијата „Евроазија”, во Алепо е изградена подземна болница.
Претставникот на платформата Абдулхамит Алтинташ за АА изјави дека ја изградиле болницата во Алепо, градот кој секојдневно е под тешко бомбардирање. Тој потсети дека овие денови, силите лојални на сирискиот претседател Башар Ал Асад бомбардирале уште една болница во центарот на Алепо.
„Во ситуација сме во која во ова подрачје немаме доволно болници, а и овие што се во функција работат под опасност од напад. И тие се доведени во состојба да не работат“, објасни Алтинаш.
Според неговите зборови, одлучиле и ја направиле подземната болница која моментално има 25 кревети.
„Болницата е градена во тешки услови. Ја направивме два ката под земја. Во последниот месец, во Алепо беа бомбардирани шест болници и тие се уништени. Со градењето на оваа болница сакаме да им помогнеме на ранетите браќа Сиријци. Во Алепо постои потреба за уште здравствени центри”, изјави Абулхамит Алтинташ.