Selen Temizer,Halit Süleyman
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
АЛЕПО (АА) - Режимот на Башар ал-Асад веќе две недели врши интензивни напади во централните населби на Алепо, кои се под контрола на опозициските сили. Последните 13 дена од нападите од страна на силите на режимот, во градот загинаа 76 деца и 200 цивили. Минатата недела режимот ја нападна и болницата Кудус во населбата Сукери, при што загинаа пет лица од медицинскиот персонал и 30 цивили. Меѓу загинатите од медицинскиот персонал беше единствениот доктор педијатар Мухамед Весим Ебу Абдурахман, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговорот со дописникот на АА, директорот на болницата, Ебу Бекир, изјави дека по нападите од страна на режимот на Асад, се прават скоро 24-часовни обиди за да ги спасат животите на ранетите деца од бомбардирањата.
Ебу Бекир соопшти дека педијатарот Абдурахман по завршувањето на смената продолжил да се грижи за децата во службата за прва помош, и додаде: „Во 21:30 часот болницата беше погодена од вакум бомба. Педијатарот Абдурахман во тоа време се наоѓаше во одделението за брза помош кое беше 90 проценти уништено. Одделот за грижа на деца претрпе 80 процентно оштетување“.
Директорот на болницата Ебу Бекир истакна дека педијатарот Абдурахман три години работел во болницата Кудус. Тој кажа: „Не знаеме кој сега ќе ги спасува децата кои се цел на бомбардирањата во Алепо. Починатиот доктор не замина кај своето семејство во Турција, само за да се грижи за повредените деца“.
- „Светот молчи пред масакрот кој го прави Асад“ -
Ебу Бекир за дописникот на АА кажа дека покрај педијатарот, починал еден стоматолог и тројца членови на персоналот и додаде:
„Болницата Кудус претходно петпати беше цел на нападите на авионите на режимот. И во претходните напади детското одделение имаше претрпено големи оштетувања. Преку медиумите ги информиравме Обединетите нации (ОН) и другите организации за нападите врз болницата. Светот сѐ уште молчи пред овој масакр на Асад. Алепо се чува настрана од договорот на САД и Русија за Латакија и Источна Гута. Се разбира дека и таму имаше масакр, но во Алепо речиси секој ден умираат десетици цивили од нападите на Русија и режимот на Асад“.