свет

Сириските бегалци се раселени во 127 земји на шест континенти

„Режимот и неговите сојузници не ги завршија нивните планови сè уште, стотици илјади цивили ќе бидат раселени во северна Сирија“, изјави Мустафа, осврнувајќи се на режимските напади врз некои последни упоришта на опозицијата

Dilara Hamit  | 21.06.2019 - Обновена : 23.06.2019
Сириските бегалци се раселени во 127 земји на шест континенти

АНКАРА (АА) - Политичките решенија за Сирија треба да ги спречат новите хуманитарни кризи и да ги обезбедат правата на раселените лица, кои како последица на граѓанската војна се распостранија низ светот, истакна лидерот на сириската опозициска коалиција, Абдурахман Мустафа, во интервју за Anadolu Agency (АА).

Мустафа вели дека преземањето мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести од страна на режимот на Башар ал Асад, довело до масовен егзодус врз Сиријците во текот на изминатите осум години, кои глобално се распостранија во 127 земји на шест континенти.

„Откако режимот ја виде борбата на сирискиот народ за слобода, побара помош од милициите од Либан и Иранската револуционерна гарда, како и во хемиското оружје“, објаснува тој.

Мустафа го осуди молкот на меѓународната заедница во целост, како и ставот на Русија, велејќи дека граѓанската војна довела до масакри и масовни миграции.

„Режимот и неговите сојузници не ги завршија нивните планови сè уште, стотици илјади цивили ќе бидат раселени во северна Сирија“, изјави тој, осврнувајќи се на режимските напади врз некои последни упоришта на опозицијата.

„Секое политичко решение спонзорирано од ОН треба да обезбеди гаранции за враќање на мнозинството сириски бегалци“, рече лидерот на сириската опозициска коалиција, Абдурахман Мустафа.

- Сиријците во Либан -

„Безизлезната ситуација на Сиријците, особено во либанските кампови, е неприфатлива“, изјави Мустафа.

„Знаеме дека провокативниот јазик (против Сиријците) не го претставува либанскиот народ“, додаде тој.

Речиси 1 милион сириски бегалци се наоѓаат во моментот во Либан, кој се наоѓа на второ место, веднаш по Турција.

- Улогата на Русија -

Во врска со улогата на Русија, Мустафа изјави: „Прво тие ги поддржуваат и придонесуваат за масакрите и депортациите, а потоа воспоставуваат ред за поткопување на политичкото решение“.

„Тие се мешаат со меѓународните механизми и ги спречуваат да интервенираат“, рече тој.

- Турција: Морална и лојална -

„Денес, Турција е најмногу морална и лојална земја во хуманитарниот став кон сириските луѓе. Сирија никогаш нема да ја заборави улогата на Турција како домаќин на најголем број сириски бегалци помеѓу сите други земји“, рече Мустафа.

Турција е домаќин на околу 3,6 милиони сириски бегалци, повеќе од која било друга земја на светот.

„Илјадници раселени Сиријци беа во можност да се вратат во нивните домови, села и градови со помош на турските воени операции“, рече Мустафа и додаде дека во сојуз со Слободната сириска војска се ослободени пограничните региони од терористите.

Од 2016 година, со турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ беа расчистени големи области во Северна Сирија од страна на терористите на ПКК/ЈПГ и ДЕАШ.

- Бројка на сириските бегалци -

Повеќе од 13 милиони Сиријци од 2011 година беа принудени да ги напуштат своите домови, со што претставуваат најголемата раселена заедница во светот.

Околу 6,18 милиони од нив се раселени внатрешно во земјата, додека 6,65 се засолниле во другите земји.

Околу 140.000 Сиријци побарале азил во 127 земји низ светот на шест континенти, но најголем број, односно 85 %, останале на Блискиот Исток.

Кон крајот на 2018 година, бројот на Сиријците во Турција достигна 3,62 милиони.

Во Либан, бројката на сириски бегалци изнесува 944.200, 676.000 во Јордан, 300.000 во Ирак и 132.900 во Египет.

Други големи земји кои ги примија сириските бегалци се Германија со бројка од над 532.000, Шведска со над 109.000 Сиријци, Судан со над 93.000, Австрија со 49.000, Холандија со 32.000 и Шпанија со речиси 14.000 сириски бегалци.

„Вистинската бројка е повисока од официјалните податоци“, рече Мустафа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.