Ata Ufuk Şeker
14 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
БРИСЕЛ (АП) - Европската Унија (ЕУ) ги продолжи шестмесечните санкции против руските субјекти и проруските сепаратисти во Украина, поради заканата за територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Европската комисија соопшти дека санкциите против руските субјекти и проруските сепаратисти се продолжени до 15 март следната година.
На листатата на санкции на ЕУ се наоѓаат вкупно 38 правни и 149 физички лица, а надлежната комисија утврди дека не постојат оправдани причини за прекинување на санкциите во форма на замрзнување на средствата и забрана за влез во земјите на Унијата.
Паралелно на тоа, ЕУ воведе санкции против голем број руски субјекти поради незаконската анексија на Крим и на Севастопол.