свет

Сирија: Во новите воздушни напади на зоната во Идлиб загинаа шест лица

Воените авиони за кои опозициската опсерваторија на воздушниот простор тврди дека се руски, извршија напад на Кефер Зита, Латамине, Рекај , Хисрај, Тел Мелех и Џубејн, во Хама, а припаѓаат на зоната за деескалација на судирите во Идлиб

Burak Karacaoğlu, Eşref Musa  | 21.06.2019 - Обновена : 22.06.2019
Сирија: Во новите воздушни напади на зоната во Идлиб загинаа шест лица

ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади кои припадниците на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и сојузниците на Русија ги извршија во зоната на деескалација на судирите во Идлиб, Сирија, загинаа шест цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Воените авиони за кои опозициската опсерваторија на воздушниот простор тврди дека се руски, извршија напад на Кефер Зита, Латамине, Рекај , Хисрај, Тел Мелех и Џубејн, во Хама, а припаѓаат на зоната за деескалација на судирите во Идлиб.

Во нападот на Кефер Зита загинаа двајца цивили.

Освен тоа, воените авиони на режимот на Асад извршија напад на Хан Шејхун и Маратирме во Идлиб и Риф ел Мухендсин во Алепо. Во нападот на Риф ел Мухендсин загинаа четири цивили.

Од 17 септември 2018 година, кога со посредување на Турција и Русија беше постигнат договор за Идлиб, раселени се повеќе од 553.000 цивили како последица на нападите што режимските сили продолжуваат да ги извршуваат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın