Vesna Besic
03 Јуни 2023•Ажурирај: 06 Јуни 2023
ТУНИС (АА) - Синагогата Гриба се смета за еден од најстарите еврејски верски храмови во Африка, а се наоѓа на островот Џерба во Тунис, известува Анадолу.
Евреите од сите делови на светот доаѓаат на аџилак во најстарата синагога во Африка во која се чува најстарата Тора.
Секоја година ова е место на аџилак на 33. ден на Велигден.

Верската церемонија се одбележува секој мај и тогаш Евреите од Тунис и останатите делови на светот доаѓаат на аџилак во Џерба, најголемиот остров во северна Африка, кој привлекува со своите плажи, но и со маслинките и палмите.
Евреите кои доаѓаат да извршат аџилак, носат сувенири и храна од својата земја, што се служи во рамките на верскиот обред.
Островот Џерба во Тунис, познат е и како остров на соништата. Тој претставува атракција и поради тродимензионалните графити на ѕидовите од куќите. Графитите на ѕидовите на куќите во селото Еријад претставуваат вистинска атракција, како за странските, така и за домашните туристи.
Селото е специфично и по тоа што во него заедно живеат муслимани, христијани и Евреи.