Firdevs Bulut Kartal
03 Јуни 2023•Ажурирај: 05 Јуни 2023
ТОРОНТО (АА) - Израелските сили убија 112 Палестинци во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) и на Западниот Брег од почетокот на 2023 година, информираа вчера Обединетите нации (ОН), известува Анадолу.
Во извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) се наведува дека израелските сили убиле 107 Палестинци во Источен Кудс и на Западниот Брег од почетокот на годината до 29 мај. Приведени се 4.229 лица.
Според извештајот, еврејските доселеници извршиле 409 напади врз Палестинци, од кои 5-мина се убиени, а 105 се повредени.
Израелските сили уништија 575 куќи на Палестинци во Источен Кудс и на Западниот Брег, се наведува во извештајот.
Во текот на демонстрациите на Палестинците на израелските и палестинските територии, убиени се 18 Израелци, а 111 се повредени.