Fatma Esma Arslan Özdel
10 Април 2025•Ажурирај: 10 Април 2025
ДАКАР (АА) - Силниот ветер создаде високи бранови на крајбрежјето на Дакар, главниот град на Сенегал, известува Анадолу.
Националната агенција за цивилно воздухопловство и метеорологија (АНАЦИМ) на Сенегал издаде предупредување во кое се наведува дека силните ветрови покрај крајбрежјето на земјата може да создадат џиновски бранови.
АНАЦИМ препорача да се избегнуваат активностите на море.
На некои места во Дакар височината на брановите достигнаа 2,5 метри, а сурферите уживаа во високите бранови и покрај предупредувањата.
Некои од рибарите, во согласност со издаденото предупредување, не испловија.