Mohammad Sio
17 Септември 2026•Ажурирано: 17 Септември 2026
Едно лице загина, а две се повредени денес од остатоци од дрон на Хусите, кој бил пресретнат и уништен над градот Таиф во западниот дел на Саудиска Арабија, јави Саудиската новинска агенција (СПА), пренесува Анадолу.
Портпаролот на Цивилната одбрана соопшти дека итните служби интервенирале откако фрагменти од дронот паднале во градот по неговото пресретнување, објави агенцијата.
Во инцидентот загинал јеменски државјанин, а биле повредени Саудијка и државјанин на Пакистан, соопшти портпаролот, додавајќи дека пакистанскиот државјанин е во критична состојба.
Од паднатите остатоци била предизвикана и материјална штета на неколку објекти и возила.
Според наводите, саудиските власти соопштиле дека дронот бил лансиран од јеменските Хуси.