Сенегал „исчезна“ под налетот на сахарски облак од прав
Националната агенција за цивилно воздухопловство и метеорологија издаде предупредување за територијата на целата држава поради правот, предупредувајќи ги жителите за намален квалитет на воздухот
ДАКАР (АА) - Сенегал е зафатен од облак прав што потекнува од пустината Сахара, кој опфати големи делови од земјата, јавува Анадолу.
Националната агенција за цивилно воздухопловство и метеорологија издаде предупредување за територијата на целата држава поради правот, предупредувајќи ги жителите за намален квалитет на воздухот.
Во своето соопштение, Агенцијата ги советува граѓаните да не ги напуштаат своите домови освен ако не е исклучително потребно, и да носат маски доколку мора да излезат надвор бидејќи од вчера низ целата земја се регистрирани големи количини прав.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
