свет

Седум припадници на Пешмерга и тројца цивили загинаа во напад на ДЕАШ во Ирак

- Командантот на Пешмерга, Нежат Хуле, рече дека Пешмергите паднале во заседа поставена од ДЕАШ во северен Ирак

Ekip  | 03.12.2021 - Обновена : 05.12.2021
Седум припадници на Пешмерга и тројца цивили загинаа во напад на ДЕАШ во Ирак Фото: Илустрација / АА

ЕРБИЛ 

Седум припадници на Пешмерга и тројца цивили од Регионалната курдска управа на северот на Ирак ги загубија животите во нападот што го изврши терористичката организација ДЕАШ на подрачјето на Махмур во Мосул, Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Командантот на Пешмерга, Нежат Хуле, во изјавата за радиодифузниот сервис „Рудав“, со седиште во Ербил, рече дека Пешмергите паднале во заседа поставена од ДЕАШ во селото Назикенд во регионот Карачуг, Махмур.

Хуле наведе дека седум припадници на Пешмерга ги загубиле животите како резултат на настанатиот судир.

Во веста на „Рудав“ се наведува дека и тројца цивили ги загубиле животите во нападот на ДЕАШ во селото Хадирџиџе, близу Махмур, а тројцата загинати се браќа.

- Продолжуваат нападите на ДЕАШ во руралните области 

Во нападот на ДЕАШ во регионот Кулеџо во Кифри, Сулејманија на 27 ноември загинаа петмина Пешмерги, а четворица беа повредени.

Исто така, беше соопштено дека животот го загубил и припадник на Пешмерга кој беше во критична состојба.

Како резултат на нападот на областа Кифри на 29 ноември, беше констатирано дека еден припадник на Пешмерга загинал, а тројца се повредени.

Терористичката организација ДЕАШ ги зазеде Мосул, Салахадин и Енбар, како и делови од Дијала и Киркук во јуни 2014 година, а овие области со текот на годините беа одземани од рацете на терористичката организација.

Поранешниот ирачки премиер Хајдар ал Ибади на 9 декември 2017 година соопшти дека извојува победа против терористичката организација.

И покрај тоа што поминаа четири години откако ДЕАШ е протеран од регионот и градовите ослободени, нападите на организацијата продолжуваат, особено во руралните области на Киркук, Дијала, Мосул, Салахадин и Енбар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın