свет

Тројца загинати при пад на воен авион на Ел Салвадор во Пацификот

- Во авионската несреќа во која воен авион на Ел Салвадор се урна во водите на Пацификот, животот го загубија три лица, меѓу кои и синот на министерот за одбрана на оваа земја

Saadet Firdevs Aparı  | 03.12.2021 - Обновена : 05.12.2021
Тројца загинати при пад на воен авион на Ел Салвадор во Пацификот

ЕЛ САЛВАДОР 

Во авионската несреќа во која воен авион на Ел Салвадор се урна во водите на Пацификот, животот го загубија три лица, меѓу кои и синот на министерот за одбрана на оваа земја, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објавија Вооружените сили на Ел Салвадор се наведува дека воениот авион од сѐ уште непознати причина се урнал на 3 наутички милји од брегот на Пацификот.

Во продолжение е објавен податокот дека во несреќата животот го загубиле трите лица кои се наоѓале во авионот.

Спасувачките екипи ги пронашле телата на загинатите, а во соопштението се наведува дека еден од загинатите е Херардо Мерино, син на министерот за одбрана на Ел Салвадор, Франсис Рене Мерино Монрој.

Авионот што се урнал бил на должност во крајбрежниот регион.

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, испрати порака со сочувство до министерот за одбрана, Монрој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.