Gökhan Kavak
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
АБУЏА
Во самоубиствениот бомбашки напад во Сомалија животот го загубија најмалку 2 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на сомалиската влада Исмаил Мухтар Омер соопшти дека во еден ресторан во местото Хамар Џаџаб (Hamarjajab) сместено во подрачјето на главниот град Могадишу извршен е самоубиствен бомбашки напад во кој според првичните проценки животот го загубиле две лица, а четири се ранети.
Напаѓачот со експлозив на себе се обидел да влезе во ресторанот, но бил запрен од страна на безбедносните сили.
Во соопштението не се наведени информаци во врска со идентитетот на напаѓачот.