Dildar Baykan
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
ВАШИНГТОН
Ураганот Исаија, кој настана над Атлантскиот океан, пристигна до брегот на сојузната американска држава Северна Каролина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ураганот, кој по јачина спаѓа во првата категорија, во 23:30 часот по локално време го погоди брегот на регионот Ошн Ајл Бич, на јужниот дел на Северна Каролина.
Во часовите кога ураганот се приближуваше кон копното, силен дожд и ветер беа присутни во крајбрежните подрачја на сојузните држави Северна и Јужна Каролина.
Ураганот моментално достигнува брзина и до 135 километри на час, поради што во Вирџинија, Мериленд и други североисточни држави на САД е издадено предупредување за силен ветер и можни поплави.
Вонредна состојба поради ураганот е прогласена во Северна Каролина и Њу Џерси.