Muhammed Emin Canik,Emre Aytekin
04 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 561 лице во Бразил и 803 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени од страна на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа како последица на заразеност со коронавирусот животот го загубија 561 лице, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 94.665. Во истиот период детектирани се нови 16.641 случај на заразеност со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот во Бразил достигна 2.750.318.
Станува збор за најниска бројка на детектирани случаи на заразенос со коронавирусот во Бразил на дневно ниво од 8 јуни досега.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 560.218 заразени со коронавирусот и 23.365 смртни случаи.
Досега во земјата оздравеа 1.912.319 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Индија
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 803 лица починале како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 38.938.
Последните 24 часа детектирани се 52.050 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 1.855.746.
Во Индија оздравеа 1.230.510 лица кои биле заразени со Ковид-19.
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во светот, Индија е трета земја во светот според бројот на детектирани случаи на заразеност со Ковид-19, по САД и Бразил.