Ali Cura
13 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
МОСКВА (АА) - Во рускиот град Калинград, за време на тест-лет над Балтичкото Море, се урна воен хеликоптер од типот „Ka-29“. Во несреќата животот го загубија двајцата пилоти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави прес-центарот на руската балтичка поморска флота, воениот хеликоптер од типот „Ka-29“ синоќа полетал над Балтичкото Море на тест-лет.
Во соопштението се наведува дека засега не се познати причините поради кои хеликоптерот се урнал, додавајќи дека во несреќата животот го загубиле двајцата пилоти.
Во продолжение на соопштението се истакнува дека летот бил изведен во нормални временски услови.
Од почетокот на 1980 година, руското дизајнерското студио „Камов“ работи на развој на хеликоптер од типот „Ka-29“, кој би изведувал лесно полетување и слетување на воените бродови и би се користел за транспорт на карго до овие бродови.