Elena Teslova
01 Август 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
МОСКВА (АА) - Русија денеска започна голема воена вежба во водите на Балтичкото Море, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството информираше дека во вежбата „Океански штит 2019“ учествуваат вкупно 49 воени бродови, 20 пловила за брза интервенција и сервисни бродови, како и 58 авиони и речиси 11.000 војници и морнари.
Вежбата се планира да трае до 9 август под команда на генералниот командант на Руската морнарица, Николај Јевменов.
„Вежбите имаат за цел обука во доменот на ангажирање на меѓуфлотата на Морнарицата и контролните вештини на флотата, како и на подготвеноста на Морнарицата во заштитата на националните интереси на Русија“, се вели во соопштението на Министерството.
Минатогодишната вежба „Океански штит“ во Средоземното Море беше првата голема поморска вежба во современата руска историја. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, тогаш изјави дека вакви вежби ќе се одржуваат редовно.