Selen Temizer
15 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
БРИСЕЛ (АА) - НАТО соопшти дека нејзините бродови влегле во Балтичкото Море за да вршат рутински операции и обука, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на НАТО се нагласува дека бродови од Постојаната поморска група 1 (SNMG1) и Постојаната НАТО-акциона група за мерки против мини 1 (SNMCMG1), влегле во Балтичкото Море.
Се истакнува дека бродовите што ќе учествуваат на вежбите со граничните сојузници и партнерските земји во Балтичкото Море ќе бидат дел од редовната активност во овој регион „за одржување доверлива и способна одбранбена способност“ во согласност со обврските од НАТО-договорот.
Исто така, се додава дека двете групи се составени од бродови од различни сојузнички земји и се отворени за континуирана употреба на НАТО за извршување на различни функции, како што се учество во вежби и учество во оперативни мисии.
Меѓу другото, се нагласува дека овие групи, кои се најподготвените воени сили во рамките на НАТО, се дел од Заедничката оперативна група за многу висока подготвеност (VJTF).