АНКАРА (АА) - Изминаа 50 дена откако Русија започна војна во Украина, известува Агенција Анадсолија (АА).
Најмалку 1.964 цивили загинаа и 2.613 се ранети од почетокот на војната на 24 февруари, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
„Повеќе од 4,73 милиони Украинци заминаа во други земји, а над 7 милиони се внатрешно раселени“, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.
Клучните моменти од 50-те поминати дена од војната се следниве:
На 24 февруари рускиот претседател Владимир Путин даде зелено светло за воената операција во Украина, започнувајќи нова ескалација која предизвика меѓународна осуда.
„Руската воена интервенција во Украина беше принудна мерка“, рече Путин.
„Украина објави дека ќе воведе полициски час од 10 часот изутрина до 18 часот во градовите Черкаси, Днепар и Миколаив, како и во главниот град Киев“, информира Центарот за стратешки комуникации на Украина во соопштението.

На 25 февруари украинскиот претседател Зеленски објави општа мобилизација.
Советот на Европа го суспендира правото на Русија за застапување „како резултат на нејзиниот оружен напад на Украина“.
Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Русија сака да ја замени Владата на Украина.

На 27 февруари, Европската Унија, Велика Британија и Канада објавија дека одредени руски банки ќе бидат отстранети од банкарскиот систем на Мрежата за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникации (SWIFT).
Во меѓувреме ЕУ ги забрани руските цивилни авиони од воздушниот простор на ЕУ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека руската делегација пристигнала во Белорусија за мировни преговори со Украина.
„На 28 февруари Украина поднесе барање за влез во ЕУ. Блокот одобри пакет за поддршка од 554 милиони долари за украинската војска. За првпат ЕУ ќе го финансира купувањето и испораката на оружје и опрема за земјата која е нападната“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

На 1 март пристигнаа извештаи за рускиот конвој од 65 километри кои се упатува кон Киев.
Столтенберг изјави дека НАТО нема да биде дел од конфликтот меѓу Украина и Русија и нема да испраќа војници во Украина или авиони во украинскиот воздушен простор.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција нема намера да се приклучи кон санкциите против Русија.
На 2 март американскиот претседател Џо Бајден го објави затворањето на воздушниот простор на САД за сите руски летови како одговор на војната на Русија во Украина.

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство усвои резолуција со која се осудува Русија, барајќи таа „веднаш да престане со употреба на сила против Украина“.
Руските сили влегоа во јужниот град Керсон и го опколија стратешкиот пристаништен град Мариупол во југоисточна Украина.
На 3 март започна втората рунда на мировни преговори на Русија и Украина во белорускиот град Брест. Киев и Москва постигнаа разбирање за „заеднички хуманитарен коридор“ за евакуација на цивили.
Обединетите нации предупредија дека повеќе од 10 милиони луѓе би можеле да ги напуштат своите домови поради војната на Русија во Украина.

Министерството за внатрешни работи во Украина рече дека руските тенкови влегле во градот во близина на нуклеарната централа „Запорожје“ во југоисточна Украина.
На 4 март Путин го блокира Твитер, Фејсбук и неколку медуими во неговата земја.
Претставничкиот дом на САД донесе резолуција со која се осудува руската војна во Украина и изрази поддршка за украинскиот народ.
Советот на ОН за човекови права гласаше за истрага за кршење на човековите права во војната на Русија.
Советот на ОН за безбедност се состана по рускиот напад на нуклеарната централа во Украина, а висок претставник рече: „Нападите на нуклеарните објекти се спротивни на меѓународното хуманитарно право.“

На 5 март Путин рече дека обидите за воспоставување зона на забранети летови во Украина од која било земја ќе се смета за приклучување кон конфликтот. Путин рече дека наредил нуклеарните сили на земјата да бидат ставени во состојба на готовност откако секретарката за надворешни работи на Велика Британија рече дека НАТО ќе се вклучи во конфликтот со Украина.
На 6 март Меѓународниот комитет на црвениот крст рече дека евакуацијата на цивилите во Марупол е неуспешна.
На 7 март Русија објави прекин на огнот за евакуација на цивили од украинските градови Киев, Марипол, Харкив и Суми во 10 часот наутро по московско време (0700GMT).
Третата рунда преговори помеѓу Русија и Украина се случи во градот Брест на белоруската граница.

До 8 март, над 2 милиони украински бегалци ја напуштија земјата зафатена со војна.
На 9 март Украинците се обидоа да побегнат од северозападното предградие на Киев, Ирпин, во услови на интензивни битки.
„Детската болница беше уништена од руското бомбардирање во Мариупол“, информира Градскиот совет.
На 10 март руските сили бомбардираа коридор за евакуација, со што спречија хуманитарните резерви да стигнат до Марупол.

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина се сретнаа во Турција за преговори.
На 11 март Бајден ја предупреди Русија дека ќе плати „тешка цена“ ако употреби хемиско оружје во Украина.
На 13 март Зеленски побара од САД да ѝ дозволат на Полска да направи трансфер на авионите „Миг-29“ до украинските воздухопловни сили.
На 15 март околу 2.000 цивилни возила останаа во опколениот град Мариупол на рутата за евакуација.

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија отпатуваа во Киев.
Обединетите нации соопштија дека бројот на бегалци кои ја напуштаат Украина достигнал 3 милиони.
Европската Унија ја усвои четвртата рунда санкции против Русија, забранувајќи го извозот на луксузни стоки и увозот на производи од челик, и воведоа санкции кон нови олигарси.
На 16 март Бајден објави нов пакет поддршка за Украина од 800 милиони долари, вклучително и противвоздушни и противоклопни системи и беспилотни летала.
Меѓународниот суд за правда рече дека Русија мора да ги запре „воените операции“ во Украина.
Путин рече дека присуството на руските војници во близина на Киев не е поврзано со желбата да се окупира Украина.
На 18 март рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека можните испораки на системите за противвоздушна одбрана С-300 кон Украина се „нелегални“, додавајќи дека тоа Москва нема да го дозволи, исто така, и други испораки на оружје.
На 19 март Москва рече дека за првпат употребила хиперсонични проектили во Украина.

На 21 март Германија ја обвини Русија за воени злосторства во Украина и рече дека ЕУ ќе ја зголеми воената помош за Украина.
На 22 март вицепремиерката на Украина, Ирена Верешцук, објави дека над 7.000 Украинци биле евакуирани од Мариупол во текот на претходниот ден.
На 23 март американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека американската истрага формално утврдила дека Русија извршила воени злосторства во Украина.
На 24 март Градскиот совет на Мариупол тврдеше дека Русија илегално депортирала 15.000 цивили во Русија со автобуси.
Зеленски рече дека повеќе од 2.000 деца се киднапирани од почетокот на руската војна против неговата земја.
На 27 март Зеленски тврдеше дека 90 проценти од градбите во Мариупол се уништени од руското бомбардирање, додавајќи дека „нема ништо останато“ во Волноваха.
На 28 март градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, рече дека 160.000 цивили биле заглавени во опколениот град.
На 29 март руските и украинските преговарачи се сретнаа во Истанбул, Турција.
На 30 март Агенцијата за бегалци на ОН рече дека бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина за време на војната со Русија достигна 4 милиони.
На 31 март Столтенберг објави дека руските единици не се повлекуваат од Украина, туку се репозиционираат.
На 1 април, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, ја предупредија Кина дека „секој обид да ги заобиколи санкциите или да обезбеди помош за Русија ќе ја пролонгира војната“.
На 2 април Михаил Подољак, советник на Зеленски, рече дека цивилите во градот Буча биле пронајдени мртви со врзани раце откако се повлекле руските војници.
Сепак, руските власти го отфрлија тврдењето, велејќи дека наводните воени злосторства биле исценирани од украинските власти и претставуваат „провокација“.
Рускиот и украинскиот претседател најверојатно ќе се сретнат во Турција за да разговараат за Нацрт-мировниот договор, според украинскиот преговарач.
„Украина го поврати целиот регион на градот Киев од руските сили“, соопшти Министерството за одбрана.
На 3 април главниот обвинител на Украина рече дека најмалку 410 тела на цивили биле пронајдени во Буча.

На 4 април Министерството за одбрана на Русија го објави отворањето на хуманитарниот коридор за евакуирање на цивили во Мариупол на барање на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
На 5 април Зеленски му рече на Советот за безбедност на ОН дека светот допрва треба да види што направи Русија на друго место во Украина, откако се појавија масакрите во Буча.
„Убивањето на цивили во Буча покажа неподнослива бруталност која Европа не ја видела со децении“, рече генералниот секретар на НАТО.
На 6 април Бајден ја обвини Русија за извршување на „големи воени злосторства“ во Украина и вети дека ќе ѝ нанесе поголеми трошоци на Москва.
Столтенберг рече дека Украина има „итна потреба“ од воена поддршка и забележа дека е важно сојузниците да се согласат за понатамошна поддршка на Киев.
На 7 април шефот на НАТО ги осуди „ужасните сцени“ во Буча, велејќи дека оние кои предизвикале злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата.
„Живееме во темни времиња. Немилосрдната војна на Путин сѐ уште беснее во Украина“, рече Фон дер Лајен.
На 8 април, по посетата на Буча, Фон дер Лајен, убиствата на цивилите ги нарече „незамисливи“.
Најмалку 50 луѓе загинаа во рускиот напад на железничка станица во градот Краматорск во градот Краматорск во регионот Донбас во источна Украина.
Европската Унија го усвои петтиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина.
На 9 април началникот на полицијата на главниот град на Украина рече дека 40-те жртви кои биле пронајдени во масовна гробница во Буча се цивили кои не пружиле отпор.
На 10 април украинската Канцеларија на генералниот обвинител објави дека од почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, најмалку 177 деца се убиени и 336 други се повредени во земјата зафатена од војна.

На 11 април Руската црква ги повика Русите да ја поддржат тековната војна на земјата против Украина.
На 12 април лидерот на Украина ги обвини руските војници за поставување мини додека се повлекувале од северната страна од земјата и побара овој акт да се смета за воено злосторство.
Украина објави дека во специјалната операција е фатен олигархот и близок пријател на Путин, Виктор Медведчук.
На 13 април Бајден ја означи ситуацијата во Украина како „геноцид“ и го нарече рускиот претседател „диктатор“.
Портпаролот на Кремљ рече дека Русија го смета обвинувањето на Бајден за неприфатливо.
Зеленски ѝ предложи на Москва размена на блискиот пријател на Путин, Медведчук, за заробените Украинци.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека руската војна со Украина резултирала со прекини во снабдувањето со храна, енергенси и финансии, влијаејќи на 1,7 милиони луѓе низ светот.
„САД ѝ даваат на Украина дополнителна безбедносна помош од 800 милиони долари пред застрашувачкиот руски напад на истокот на земјата“, му рекол Бајден на својот украински колега.
На 14 април вицепремиерката на Украина рече дека ќе бидат отворени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од опколените градови во земјата.
Најмалку 198 деца се убиени и 355 други се повредени досега за време на руската војна во Украина, според украинските власти.
Портпаролот на Кремљ рече дека нема информации за иднината на руско-украинските мировни преговори и ја нарече Белорусија „идеална платформа“ за продолжување на преговорите.
news_share_descriptionsubscription_contact
