Ahmet Gençtürk
16 Април 2022•Ажурирај: 16 Април 2022
АНКАРА (АА) - Украина доцна синоќа соопшти дека од рацете на руските сили ослободила 918 населени области, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Го продолжуваме обезбедувањето редовна и итна медицинска помош, работата на образовните институции - онаму каде што е навистина возможно“, рече претседателот Владимир Зеленски во своето видеообраќање.
Повторувајќи дека услужните дејности и државните канцеларии наскоро ќе почнат со работа во ослободените области, нагласи дека операциите за расчистување мини веќе се во тек.
Откако го пофали успехот на Вооружените сили на бојното поле против руските сили, Зеленски истакна дека економските санкции се клучни за запирање на тековните руски напади.
„Санкциите против Русија се многу значајни. Економски се болни. Но, сепак не се доволни за руската воена машинерија да остане без средства за опстанок. Ние поддржуваме посилни, подеструктивни начини“, рече тој.
Најмалку 1.982 цивили ги загубија животите, а 2.651 е повреден во Украина од почетокот на војната кон крајот на февруари, според проценките на ОН, кои стравуваат дека вистинските бројки се многу поголеми.
Над 4,6 милиони Украинци побегнаа во други земји, додека над 7 милиони се внатрешно раселени, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.