Ekipa
09 Јануари 2017•Ажурирај: 09 Јануари 2017
СТОКХОЛМ (АА) – Денес премиерот на Шведска предупреди дека оваа скандинавска земја се соочува со неколку закани, вклучувајќи ги и кибер нападите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Стефан Лофвен истакна дека примарните закани со кои се соочува земјата се воената концентрација во регионот на Балтичкото Море, особено во светлината на руската анексија на Крим.
Ваквите изјави на премиерот на Шведска уследија откако неколку официјални лица на таа земја побараа поголемо вложување во одбраната наводно поради заканите во регионот.
Минатиот месец, стратешкиот остров во Балтичкото Море – Готланд, кој ѝ припаѓа на Шведска, го одби барањето на Русија за закуп на едно пристаниште на островот по предупредувањето на шведските власти дека таквиот потег може да ги наруши политичките интереси и одбраната на Шведска.
Во Шведска минатата година се евидентирани околу 100.000 кибер напади од странство.