Rustam Mikayilli
24 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ВИЛНУС (АА) - Министерството за одбрана на Литванија соопшти дека минатата недела руски воени авиони извеле девет лета над Балтичкото Море, јавува Anadolu Agncy (AA).
Во писмениот допис од страна на министерството, руски воени авиони од типот IL-18, IL-20, Su-24, Su-27 и An-26 минатата недела извеле девет опасни летови над Балтичкото Море.
Во дописот се вели дека руски авиони ги попречувале авионите на НАТО при контрола на балтичкиот воздушен простор, кои за таа цел полетале три пати на 19-ти мај, двапати на 18-ти мај и по еднаш на 16, 17, 20 и 21-ти мај.
Обезбедувањето на воздушниот простот над Балтичкото Море во Литванија и Естонија го вршат НАТО претставниците од Португалија и Англија.