Aldıjana Hadzıc
24 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Рестораните во Кина во кои келнерите се роботи се честа појава. Роботите во ресторанот во градот Куншан, кој се наоѓа во источниот дел на Кина, секој ден привлекуваат се поголемо внимание, јавува Anadolu Agency (AA).
Сите оние кои во ресторанот доаѓаат да уживаат во одличната храна, имаат можност да бидат послужени од еден од десетте роботи.
Роботи со висина од 1,2 метри земаат нарачки, а потоа на муштериите во ресторанот им носат храна и пијалок. „Келнерите” посебно им се интересни на децата кои се обидуваат да го разберат начинот на функционирање на роботите.
Во ресторанот можат да се видат различни модели на роботи кои извршуваат различни задачи.
На децата, но и на возрасните, интересен им е роботот "Optimus Prime" висок три метри, опремен со екран на кој се прикажуваат различни забавни содржини.
Два помали роботи во ресторанот се вработени како „танчери” и „забавувачи”.