Bilal Müftüoğlu
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - Кулинарските готвачи од Париз одлучија да го искористат напуштениот градежен простор и во него да ги искористат намирниците и храната, првенствен овошјето и зеленчукот кои се при крај со рокот на траење, и од тоа да направат вкусни јадења кои ќе ги понудат на своите муштерии.
Во ресторанот "Freegan pony" кој се наоѓа во близина на Париз, четири дена во неделата подготвуваат посебни менија. Цените за јадењата од овошје и зеленчук си ги одредуваат самите гости во ресторанот.
Во ресторанот дневно се послужувани најмногу 80 лица, а клиентите имаат можност откатко удобно ќе се сместат да го гледаат начинот на кој се подготвува храната, бидејќи кујната е од отворен тип. Храната се подготвува според бројот на лицата кои доаѓаат, така што остатоци од храна речиси и нема, бидејќи оставање на храна во чиниите е непожелно.
Овошјето и зеленчукот кој почнува да скапува, секој ден одново претставува предизвик за готвачите. Нивната презентација на чинијата и единствената храна ги воодушевуваат сите кои што доаѓаат да пробаат нешто ново. Се нудат различни солени и благи јадења, а еден оброк има три делови. Според вообичаените намирници, се нудат и оние ретките кои речиси е невозможно да се најдат на полиците во продавниците.
Гилија Батаиле е координаторка на „отпадниот фонд". Таа изјави дека нивна цел е да го искористат она што го сметаат за неискористливо. Таа вели дека идејата за отворање на ресторанот била заедничка со двајца пријатели, а денес во ресторанот волонтираат околу 20 готвачи.

- Јадењето не се вреднува само со цена -
Батаиле изјави дека храната не може да се вреднува само со цена, бидејќи во неа постои и труд кој некој го вложил за да ја направи.
„Треба да научиме како да ја цениме вредноста на намирниците, изјaви Батаиле која додаде на тоа дека не се обрнува внимание на сезоните во коишто доаѓа одредено овошје и зеленчук и дека се тежнее кон тоа во зима да се јадат патлиџани и јагоди.
Посетителите се задоволни не само со храната која им се служи туку и со концептот на ресторанот.
Неименуваната студентка на мастер студии изјави дека јадењата коишто се нудат во ресторанот се „идентични со оние во другите ресторани", а покрај тоа, таа е задоволна и со „домашната атмосфера" која се чувствува низ целиот "Freegan pony".