Yusuf Hatip
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - ЈУСУФ ХАТИП - За прв пат во еден ресторан во Пакистан наместо луѓе служат келнери-роботи, пишува Anadolu Agency (AA).
Еден ресторан во градот Мултан стана атрактивно место за клиентите благодарение на келнерите-роботи кои служат во ресторанот.
Роботите развиени од страна на синот на сопственикот на ресторанот, Усаме Азиз, електричен инженер, откако ги служат клиентите, се враќаат во шанкот за да ги служат следните клиенти.
Азиз, во разговор со АА, истакна дека откако дипломирал од универзитет во 2015 година сакал ода ди во странство на студии за роботи, но, како што рече тој, неговиот татко го поттикнал да остане во Пакистан.
„Со цел да ги зголемам приходите на татко ми во ресторанот, мислев дека сите услуги можат да бидат направени од страна на роботите, и почнав да истражувам“ вели Азиз.
- „Роботот го развив во Пакистан“
Азиз нагласи дека донел одлука за роботот да го развие во Пакистан бидејќи скапо е да се увезува робот кој автоматски служи, од другите земји.
Исто така, Азиз вели дека е дојден до фазата на тестирање на роботот кој го создал за осум месеци, и тежи 25 килограми. Тој додаде дека моментално роботите почнале да служат во ресторанот.
Како што рече Азиз, клиентите се многу задоволни и сакаат да нарачуваат преку робот.
„Клиентите не нарачуваат се додека не дојде робот на нивната маса. Моменталн двојно ни се зголеми продажбата“, истакна Азиз.
Азиз вели дека работи на еден механизам со што ќе може да се дадат команди на роботот, и пренесе дека планираат да отварат подружници во други градови во земјата.