Ekip
08 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
МИЛАНО (АА) - Италијанската противпожарна служба соопшти дека се извлечени осум тела од урнатините на петкатната стамбена зграда, која делумно се урна во приморскиот град јужно од Неапол, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата на барање на страданите во урнатините е завршена утринава, подолго од 24 часа откако стамбената зграда до железничката пруга одеднаш се урна. Осумдесет пожарникари работеа и во текот на ноќта, со ископување, бушење и рачно успеаја да дојдат до жртвите.
Причината за урнување на зградата беше и понатаму предмет на истрага, но властите наведуваат дека би можела да биде поврзана со реновирање на зградата, која се наоѓа до железничката пруга Неапол-Салерно во градот Торе Анунзиата.
Сведоците рекоа дека пред урнувањето не се слушнала експлозија но дека поминал воз. Од италијанските железници рекоа дека вибрациите кои ги создава возот не влијаат на стабилноста на соседните згради.