свет

Русија бомбардираше болница во Идлиб

- Воените авиони на режимот на Башар ал Асад и на Русија продолжуваат со нападите врз населените места во Зоната за намалување на тензиите во сириски Идлиб

Eşref Musa, Mehmet Burak Karacaoğlu  | 26.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Русија бомбардираше болница во Идлиб

ИДЛИБ - Воените авиони на режимот на Башар ал Асад и на Русија продолжуваат со нападите врз населените места во Зоната за намалување на тензиите во сириски Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Авионите на режимот изведоа воздушни напади врз селата Кеферума, Кефер Батих, Семке, Тел Кресјан и Рејан, сместени во јужниот дел на Идлиб.

Воените авиони на Русија ги бомбардираа градовите Марат ал Нуман и Серакиб и селата Дадих, Серџе, Мардибсе, Бебила, Маранд и градовите Рашидин и Мансура и селата Хан Туман, Зитан, Халса, Кефер Хамра во подрачјето на Алепо.

Според информациите добиени од претставниците на Цивилната заштита, руските авиони околу пладне ја бомбардирале болницата „Иман“ во селото Серџе, која им дава здравствени услуги на околу 50.000 цивили.

Се истакнува дека болницата пред нападот била евакуирана и нема загинати или повредени, но дека е целосно уништена и не може да се користи.

Како резултат на нападите што ги изведуваат режимските сили составени од војниците на режимот на Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Иран и Русија, која спроведува воздушни напади, во последните 3 дена своите огништа ги напуштија 31.600 цивили.


- Не се однесуваат во согласност со договорите од Астана и Сочи

Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата. Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околните области (Латакија, Хама и Алепо), северното подрачје на Хомс, подрачјето на Источна Гута во главниот град Дамаск и подрачјата во јужниот дел на земјата (Дера и Кунејтра) за зони за намалување на тензиите.

Но режимот и терористите поддржани од Иран, и покрај одлуката за прекин на огнот, благодарение на руската поддршка од воздух, од 4-те зони, освен Идлиб, ги зазедоа сите територии. Бегајќи од нападите, стотици илјади цивили мигрираа кон северниот дел од земјата, во подрачјата што се наоѓаат во близина на турската граница.

Режимот, со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Нападите се интензивираа за време на 12. состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25-26 април во Нурсултан, главниот град на Казахстан. Последните две недели продолжуваат со ист интензитет.

Само од почетокот на 2019 година досега, бројот на мигранти што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција се зголеми на 1 милион и 300 илјади. Во бомбардирањата животот го загубија повеќе од 1.600 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın