свет

Русија ја оквалификува воената вежба на НАТО во Финска како „провокативна“

„Целта на вежбата е да се изврши воен притисок врз Руската Федерација преку демонстрација на сила“, рече Марија Захарова портпаролката на руското Министерство за надворешни работи

Elena Teslova  | 24.04.2024 - Обновена : 25.04.2024
Русија ја оквалификува воената вежба на НАТО во Финска како „провокативна“

МОСКВА (АА) - Воените вежби на НАТО во Финска во непосредна близина на руските граници се „провокативни“, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јавува Анадолу.

Марија Захарова рече дека целта на вежбата е „да се изврши воен притисок врз Руската Федерација преку демонстрација на сила“.

„За да ги оправдаат своите агресивни аспирации, претставниците на Северноатлантскиот блок намерно ја ескалираа хистеријата околу имагинарната руска 'закана'. Вклучувајќи и активно ширење инсинуации за одредени планови на Русија да ги нападне земјите членки на организацијата“, рече таа.

Дипломатката рече дека маневрите се „дел од хибридната војна“ против Русија, чија цел е да се вклучи некогаш неутралната земја, Финска, во активностите на НАТО „што е можно поскоро“. Хелсинки влезе во НАТО минатата година, по војната на Москва против Украина.

„Вежбата во близина на границите на Русија ги зголемува ризиците од можни воени инциденти“, предупреди Захарова.

„Од наша страна внимателно ги следиме агресивните дејствија на „колективниот Запад“. Несомнено е дека ќе бидат преземени сите неопходни политички и воено-технички мерки за да се запрат заканите за одбранбената способност на нашата земја“, нагласи портпаролката на руското МНР.

Вежбите на НАТО во Финска треба да започнат в петок, а до 14 мај ќе се одржуваат во непосредна близина на руската граница.

Командантот Јохан Скит од финската оклопна бригада претходно рече дека вежбата „Стрела“ има за цел „да ја подобри соработката меѓу финските одбранбени сили и сојузниците на НАТО“. Војниците ќе се вклучат во офанзивни борбени симулации и ќе се фокусираат на усовршување на нивната колективна оперативна ефикасност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.