свет

Газа: Над 280 тела ексхумирани од масовна гробница во болницата во Хан Јунис

„Екипите на цивилната одбрана ексхумираа уште 73 тела од масовната гробница, со што вкупната бројка од саботата достигна 283 тела“

Mohammad Sıo  | 22.04.2024 - Обновена : 26.04.2024
Газа: Над 280 тела ексхумирани од масовна гробница во болницата во Хан Јунис

ГАЗА (АА) - Здравствените работници открија најмалку 283 тела на луѓе во масовна гробница во болницата Насер во јужниот град Хан Јунис, соопшти денес Агенцијата за цивилна одбрана на Газа, јавува Анадолу.

„Екипите на цивилната одбрана ексхумираа уште 73 тела од масовната гробница, со што вкупната бројка од саботата достигна 283 тела“, се вели во соопштението на агенцијата.

Се додава дека екипите на цивилната заштита сѐ уште се на терен и трагаат по уште тела во гробницата.

Масовната гробница беше пронајдена во дворот на болницата во саботата, откако израелската Армија се повлече од градот на 7 април по 4-месечната копнена офанзива.

Според Исмаил ал-Тавабте од владината канцеларија за медиуми на Газа, околу 700 луѓе се водат како исчезнати откако израелската Армија се повлече од градот.

„Веруваме дека има стотици тела кои сè уште се водат како исчезнати откако се егзекутирани од израелската окупација и закопани во масовни гробници“, изјави тој за Анадолу.

Израел започна напади во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш се загинати најмалку 34.151 Палестинец, главно жени и деца, а 77.000 се повредени.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Меѓутоа, нападите продолжија со несмалено темпо, а испораката на помош и понатаму е недоволна за решавање на хуманитарната катастрофа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.