свет

ОАЕ започна воена вежба со учество на 10 земји

„Воздухопловните сили од братските и пријателски нации пристигнаа на територијата на ОАЕ за да ја започнат мултинационалната заедничка вежба 'Пустинско знаме 9' за 2024 година“

Mohammad Sıo  | 22.04.2024 - Обновена : 23.04.2024
ОАЕ започна воена вежба со учество на 10 земји

АБУ ДАБИ (ОАЕ) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денес соопштија дека започнале тринеделна заедничка воена вежба наречена „Пустинско знаме 9“, со учество на 10 земји, јавува Анадолу.

„Воздухопловните сили од братските и пријателски нации пристигнаа на територијата на ОАЕ за да ја започнат мултинационалната заедничка вежба 'Пустинско знаме 9' за 2024 година“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на ОАЕ.

Меѓу земјите учеснички се Туркије, Саудиска Арабија, Оман, Кувајт, САД, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија и Германија.

Воената вежба, како што соопшти Министерството, има за цел да ја подобри борбената ефикасност и подготвеност, како и да ја олесни размената на воена експертиза преку различни сценарија во текот на три недели.

Министерството сподели снимка на социјалната мрежа Х на која се гледа почетокот на вежбата, со воздушни летови и предавања за воениот персонал.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın