Mahmut Atanur
18 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ЏАКАРТА (АА) - За време на воена вежба што индонезиската армија ја строведува во Јужното Кинеско Море, се случи несреќа во којашто еден топ самиот се активира и истрела проектил. Во несреќата загинаа четворица индонезиски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави весникот „Jakarta Post“ (Џакарта пост), во Јужното Кинеско Море, близу островите Ријау, во подрачјето на Танџунг Датук, Индонезија спроведува воена вежба во којашто топ од кинеско производство, во еден момент, поради дефект самиот се активирал.
Во несреќата загинаа четворица војници, а осуммина се ранети.
Портпаролот на индонезиската армија соопшти дека започнала истрага во врска со несреќата предизвикана од технички проблем.
Исто така, тој истакна дека војниците ги изведувале подготовките за воената парада на која ќе учествува и претседателот Џоко Видодо.