Ruslan Rehimov
02 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
БАКУ (АА) - Вооружените сили на Турција и на Азербејџан спроведуваат заедничка воена вежба со цел проверка на воената подготвеност и подобра координација на заедничките активности, јавува Anadolu Agency (AA).
Вежбата се одржува во воената зона во близина на Баку, а во нападите врз замислени непријателски позиции учествуваат копнените и воздушните сили на двете земји.
Над илјада војници, 80 тенкови и оклопни возила, борбени и товарни хеликоптери и системи за противвоздушна одбрана на воениот полигон во Азербејџан создадоа вистинска сцена на војна.
Токму како и при воени состојби, воздушните сили и артилеријата прво ги напаѓаа замислените непријателски позиции, а потоа со товарни хеликоптери се донесени припадниците на копнените сили кои ги зазедоа своите позиции. Истовремено со хеликоптер од бојното поле се извлекуваа повредените.
Заедничката воена вежба ќе трае до петок.