Sayed Khodaberdi Sadat
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
КАБУЛ (АА) - Во главниот град на Русија, Москва, денес се одржува третиот по ред трилатерален состанок Пакистан – Кина – Русија за ситуацијата во Авганистан, но без официјални лица од оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица од Авганистан се пожалија со оглед на фактот што на трилатералниот состанок во Москва не е повикан претставник од оваа земја.
„Состанокот во Москва го гледаме како мешање во внатрешните работи на Авганистан. Го осудуваме состанокот на кој нема претставници на Авганистан“, изјави претседателот на парламентот на оваа земја, Абдулрауф Ибрахими.
Исто така, тој нагласи дека Владата на Авганистан мора да има јасна дипломатија кон соседните земји и кон земјите во регионот, и им порача на владините официјални лица да не молчат.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Авганистан, Ахмад Шекиб Мостагни, исто така изјави дека ќе биде тешко да се укаже на сериозноста на ситуацијата во Авганистан, со оглед на тоа што на состанокот не е повикан никој од таа земја.
Инаку, вториот трилатерален состанок за Авганистан беше одржан во 2013 година, во главниот град на Пакистан, Исламабад.