Esat Fırat
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
РАМАЛА (АА) - Еврејските доселеници оштетија 7 палестински возила во окупираниот Западен Брег, а исто така напишаа расистички слогани на ѕидовите на џамијата и на некои куќи, јавува Anadolu Agency (AA).
Наџих Рустем, градоначалник на месноста Кефр Малик, во Рамала, на Западниот Брег, во изјавата за АА рече дека група неидентификувани еврејски доселеници во ноќните часови влегле во месноста Кефр Малик.
Истакнувајќи дека еврејските доселеници оштетиле 7 палестински возила во градот, Рустем додаде дека доселениците напишале расистички слогани на ѕидовите на џамијата и на ѕидовите на некои куќи.
Радикалната еврејска организација „Наплата на цена“, освен во окупираниот Источен Ерусалим и во Западниот Брег, врши слични напади и во палестинските села и градови во Израел.
На Западниот Брег, окупиран од Израел во 1967 година, има близу 250 нелегални еврејски населби. Повеќе од 400.000 еврејски доселеници во овие области го отежнуваат животот на Палестинците што живеат во окупираниот Западен Брег.
Според меѓународното право, сите еврејски населби во окупираните територии се сметаат за нелегални.