Esat Fırat
27 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Еврејските доселеници напишаа расистички натписи на ѕидот на една џамија во градот Рамала, на окупираниот Западен Брег, при обид да подметнат пожар во објект во дворот на џамијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според очевидците, група еврејски доселеници подметнаа пожар во еден објект во дворот на џамијата „Ел Бир Ве'л Ихсан“ во Ел Бира во Рамала.
Како резултат на пожарот оштетен е делот на тоалетите на џамијата, а еврејските доселеници на хебрејски јазик напишаа расистички натписи на ѕидовите на џамијата.
Заменик министерот за вакуфи и верски прашања на Палестина, Хусам Ебурраб, излезе со реакција против овој настан.
„Целата одговорност за овој расистички напад ѝ припаѓа на окупаторската израелска држава која отворено ги поддржува овие терористички групи“, нагласи тој, осудувајќи го овој напад на еврејските доселеници.
Ебурраб упати апел до меѓународната заедница и до надлежните меѓународни организации за спречување на ваквите групи кои ги напаѓаат светите места на муслиманите.