Hamdi Yıldız
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Ирак, Египет, Алжир, Мароко, Либија, Палестина и Катар е забележан раст на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека во Тунис и Јордан е зголемен бројот на дијагностицирани случаи со овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Ирак, како последица на овој вирус починале уште 78 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 4.362.
Во земјата откриени се уште 2.459 случаи со овој вирус, со што вкупниот број на случаи во Ирак се зголеми на 110.032.
Од Ковид-19 досега излекувани се 75.217 лица.
- Египет -
Според соопштението на Министерството за здравство на Египет, како последица на коронавирусот во изминатите 24 часа починале уште 48 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 4.606.
Вкупната бројка на откриени случаи во Египет изнесува 92.062.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 33.831 лица.
- Алжир -
Министерството за здравство на Алжир информира дека како последица на Ковид-19 во земјата починале уште 9 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од вирусот пораснал на 1.155.
Откриени се уште 593 случаи со овој вирус, со што вкупната бројка на случаи во Алжир се зголеми на 27.357.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 18.471 лице.
- Мароко -
Според соопштението на Министерството за здравство на Мароко, како последица на Ковид-19 починале уште 8 лица, со што вкупниот број на починати во земјата изнесува 313.
Во земјата откриени се уште 633 случаи со овој вирус. Со ова, вкупната бројка на случаи во Мароко се зголеми на 20.278.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 16.438 лица.
- Либија -
Либискиот Национален центар за борба против болести соопшти дека од Ковид-19 починале уште 2 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата пораснал на 60.
Вкупната бројка на откриени случаи во Либија изнесува 2.669.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 553 лица.
- Палестина -
Според соопштението на Министерството за здравство на Палестина, како последица на овој вирус во изминатите 24 часа починало едно лице, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 79.
Во Палестина откриени се уште 330 случаи со овој вирус, а вкупната бројка на случаи се зголеми на 13.125.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 4.726 лица.
- Катар -
Според соопштението на Министерството за здравство на Катар, како последица на овој вирус почина уште едно лице, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 165.
Во земјата откриени се уште 269 случаи на вирусот. Со ова, вкупната бројка на случаи во Катар се зголеми на 109.305.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 106.024 лица.
- Тунис -
Националниот центар за борба против болести на Тунис извести дека во изминатите 24 часа не се регистрирани нови смртни случаи, додека вкупниот број на починати во земјата изнесува 50.
Вкупната бројка на откриени случаи во Тунис е 1.452.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 1.142 лица.
- Јордан -
Националниот центар за борба против болести на Јордан информира дека не се регистрирани нови смртни случаи од Ковид-19, додека вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата изнесува 11.
Откриени се уште 14 случаи со овој вирус, со што вкупната бројка на случаи во Јордан се зголеми на 1.168.
Од Ковид-19 во земјата излекувани се 1.057 лица.