Турција

Турција со критики до арапските земји поради молкот во врска со Голанската Висорамнина

Турскиот министер Чавушоглу истакна дека дури и ЕУ излегла со реакција за потегот на Трамп, додека „некои арапски земји“, како што рече, не се во состојба да го кренат гласот од страв

Faruk Zorlu  | 26.03.2019 - Обновена : 27.03.2019
Турција со критики до арапските земји поради молкот во врска со Голанската Висорамнина

АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, упати критики до некои арапски држави поради нивниот молк во врска со потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на израелскиот суверенитет врз окупираната Голанска Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи на предизборниот митинг во јужната турска област Анталија, Чавушоглу истакна дека дури и Европската Унија излегла со реакција за потегот на Трамп, додека „некои арапски земји“, како што рече, не се во состојба да го кренат гласот поради страв од САД и Израел.

„Јас не го велам тоа за сите арапски земји. Не мислам на Јордан и на Катар“, нагласи Чавушоглу.

„Мислам на земјите кои им се поклонуваат на САД и не го креваат гласот во врска со израелската окупација во Ерусалим (Кудс).“

Вчера, американскиот претседател Трамп потпиша претседателски декрет со кој официјално ја призна Голанската Висорамнина како израелска територија.

Обединетите нации (ОН) соопштија дека според меѓународното право, и покрај потегот на Трамп, Голанската Висорамнина сѐ уште ќе се смета за окупирана територија.

Израел ја окупираше Голанската Височина од Сирија за време на Арапско-израелската војна во 1967 година.

Израел продолжи со окупирањето, и окупира околу две третини од поширокото подрачје на Голанската Висорамнина како директен резултат на судирите.

Во 1981 година Израел формално ја анектираше територијата, потег кој тогаш едногласно беше отфрлен од Советот за безбедност на ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.