Kasım İleri
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, истакна дека оваа недела ќе пуштат нов пакет за поддршка на Украинската армија од американскиот инвентар, кој вклучува 4 артилериски ракетни системи со високи перформанси (HIMARS), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Остин имаше свое обраќање на отворањето на состанокот на Контакт-групата на Украина, кој се одржа преку видеоконференција. На состанокот присуствуваа министрите за одбрана на околу 50 земји.
Наведувајќи дека Русија не постигнала ниту една од целите како што се „заземање на главниот град на Украина, Киев, соборување на украинската Влада и лесно заземање на регионот Донбас“, Остин рече дека САД и нивните сојузници ќе продолжат да стојат зад Украина.
„Оваа недела ќе објавиме нов пакет помош за оружје за Украина од инвентарот на американската војска, со овластување на претседателот [Џо Бајден]. Ова ќе биде нашиот 16. пакет опрема од инвентарот на Пентагон до Украина од август 2021 година. Пакетот ќе вклучува 4 напредни ракетни системи ХИМАРС кои Украинците ги користат многу ефикасно и прават значителна разлика на бојното поле“, рече Лојд Остин.
Американскиот министер, исто така, соопшти дека во пакетот е вклучена и муниција за ракетен фрлач со повеќе цевки.
Потсетувајќи дека Велика Британија има испратено системи на ракетен фрлач со повеќе цевки на Украина, Остин рече дека оружјето на Германија наскоро ќе пристигне во Украина.
Пентагон досега на Украина ѝ дал вкупно 12 системи ХИМАРС.
Со дополнителните 4 ХИМАРС-системи во овој нов пакет, бројот на ХИМАРС-системите кои САД ѝ ги дадоа на Украина ќе се зголеми на 16.