Kerem Kocalar
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
ГАЗИАНТЕП (АА) - КЕРЕМ КОЏАЛАР -
Турскиот хирург Мехмет Оз, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), за здрав живот ги препорача јадењата од Анадолија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оз, по ручекот во турскиот град Газиантеп, познат по гастрономските деликатеси, за АА зборуваше за здравиот начин на живот.
Тој смета дека зачините кои се користат во јадењата од подрачјето на Анадолија имаат значајно влијание врз здравјето на човекот.

„Многу е здраво да се користат зачини во месото. И јадењата во кои се користат зачини се многу здрави. Она што го јаделе нашите предци, било многу здраво, но тука посебно место имаат зачините. Во анадолската кујна се користат често. Тоа покажува дека јадењата од Анадолија се корисни за здравјето. Во нив има малку калории, речиси воопшто, а многу се вкусни“, појасни Оз.
Тој смета дека користењето на цимет, мајчина душица и други зачини во јадењата, влијае позитивно на здравјето, а покрај тоа, јадењата ги прават вкусни.
„Освен тоа, на јадењата од Анадолија им е додадена и малку љубов, па и тоа е дел од вкусот“, изјави Оз.
Потсетувајќи дека оваа кујна бара и собирање на семејството за време на оброкот, во таа пригода се создава контакт меѓу луѓето и технолошките уреди се оставаат настрана.

„Тоа човекот го прави среќен и ја зголемува можноста да биде поздрав. Намирниците во анадолската кујна се сервираат како штотуку обрани. Да, одредени јадења се помрсни и тоа може да биде проблем за оние кои имаат здравствени потешкотии, но намирниците како зеленчукот и овошјето ја сведуваат штетноста за здравјето на минимум“, изјави тој.
Тој потсети дека најважните намирници на анадолската кујна се лукот, нането, зелената салата и слично.
„Погледнете ги понудите во рестораните, се нарачува месо, а покрај тоа, доаѓа лукот, нането, доматот... Поради тоа јадењата се многу здрави“, изјави Оз.
Тој додаде дека многу повозрасни луѓе ги јаделе овие јадења и немале проблеми.
„Ако ги јадеме овие јадења, а воедно и се движиме, нема проблеми. Ако луѓето во текот на денот се движат и го практикуваат тоа, тоа е всушност тајната на здравиот живот“, откри Оз.