Sena Güler
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
САМСУН (АА) - Лице кое се сомничи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО е уапсено денес на јахта со грчко знаме во Мармарис, вели безбедносен извор, јавува Anadolu Agency (AA).
„Лицето идентификувано како Мурат Елмас (48), имам на терористичката група во црноморскиот регион Самсун, е уапсен заедно со уште пет осомничени лица“, истакна изворот, кој зборуваше под услов на анонимност.
Елмас, кој предавал религија во училиштата на ФЕТО, правел планови да побегне од Грција користејќи лажен идентитет.
Осомниченото лице користело три мобилни телефони на коишто ја имало апликацијата БајЛок (ByLock).
Другите осомничени лица исто така се товарат за користење на лажни идентитети.
Апсењето на Елмас се смета за важно во разбивањето на регионалната мрежа на ФЕТО.
Терористичка организација ФЕТО, во 1970-тите години започна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во 1980-тите значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции. На 15 јули 2016 година, терористичката организација ФЕТО изврши неуспешен обид за државен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција. Најмалку 249 лица загинаа при обидот за државен удар, додека илјадници други беа повредени.