Seyit Ahmet Aytaç
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во воздушни напади на турските сили во источната турска област Битлис и северниот ирачки регион Зап, неутрализирани се 8 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на турскиот Генералштаб не информираше за кои терористичките групи станува збор, но познато е дека Турција е во долготрајна борба против терористичката организација ПКК, која дејствува во таа област.
„Терористите планирале да извршат напад врз безбедносните сили. Антитерористичките операции во областа се во тек“, се додава во соопштението.
Терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации од страна на САД, Турција и ЕУ, ја продолжи вооружената кампања против Турција во јули 2015 година.