Coşkun Ergül,Meltem Öztürk
12 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
АНКАРА (АА) - По гласањето во Големото турско народно собрание во Анкара, со освоени 335 гласа, за претседател на Собранието е избран пратеникот на АК Партијата од Измир, Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
Во третиот круг на гласање во генералното Собрание учествуваа 584 пратеници.
Со освоени 335 гласа, пратеникот на АК Партијата од Измир, Бинали Јилдирим е избран за нов претседател на Големото турско народно собрание. Ердоган Топрак, кандидат на Републиканска народна партија (CHP) освои 135 гласа. Мерал Даниш Бешташ од Народната демократска партија (HDP) освои 63 гласа, а Хајретин Нухоглу од Партијата ИЈИ (IYI), 40 гласа. Кандидатот на Партијата Саадет, Џихангир Ислам, освои 5 гласа, а 6 гласа се прогласени за неважечки.
Бинали Јилдирим стана 28. претседател на Големото турско народно собрание (TBMM).