Enes Kaplan
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа 20 терористи на 160. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат“ против терористичките позиции во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од ТСК, продолжува операцијата во северна Сирија којашто започна на 24 август, со цел да се зголеми безбедноста на границите, да се поддржат коалициските сили и да се уништи заканата од ДЕАШ и од терористичките организации.
Цел на 160. ден од операцијата беа 184 позиции на терористичката организација ДЕАШ, при што се изврши притисок врз активностите на терористичките групи.
Воените авиони на турските воздухопловни сили спроведоа операција на 23 позиции на ДЕАШ во подрачјето на Ал Баб, Тадиф и Бзагах, при што се уништени 20 објекти, користени како засолништа од страна на терористите, едно складиште за муниција и 2 одбранбени позиции.
Во рамките на операцијата, во текот на денот се неутрализирани 20 припадници на ДЕАШ.
Тимовите за детектирање и детонација на експлозиви, кои им даваат поддршка на опозициските сили, неутрализираа 76 рачно изработени експлозивни направи. Од почетокот на операцијата, досега се неутрализирани 3.507 експлозивни направи и 55 мини.
Во две воздушни операции врз позициите на ДЕАШ во Ал Баб и во Бзагах, коалициските сили уништија едно возило со монтирано оружје, кое го користеле припадниците на терористичката организација.