економија

Турција со финансиски пакет за одредени сектори

„Кај новиот финансиски пакет предност ќе имаат секторите и продуктите од полето на средновисоките и високите технологии“, нагласи турскиот министер за финансии

Ekipa  | 23.05.2019 - Обновена : 25.05.2019
Турција со финансиски пакет за одредени сектори

ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак, изјави дека Турција ќе обезбеди финансиски пакет од 30 милијарди турски лири (4,9 милијарди долари) за финансирање на секторите кои имаат извозен потенцијал, но имаат дефицит во надворешната трговија и висока зависност од увозот, јавува Anadolu Agency (AA)

„Новиот финансиски пакет под називот „IVME“ (напреден, продуктивен, својствен, индустриски) е наменет за секторите кои имаат четири основни карактеристики“, изјави Албајрак.

„Кај новиот финансиски пакет предност ќе имаат секторите и продуктите од полето на средновисоките и високите технологии“, нагласи министерот, додавајќи дека ќе обезбедува залихи на суровини и репроматеријали, машини и земјоделство.

Албајрак изјави дека ќе се усвои модел кај кој предност ќе има производството на технолошки продукти базирани на извоз и производи со додадена вредност.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın