Murat Temizer
21 Јули 2022•Ажурирај: 22 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Цените на природниот гас во Европа се намалија на 146 евра за мегават/час, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цените на природниот гас почнаа да се намалуваат откако започна протокот на гас од гасоводот „Северен тек 1“, кој носи руски гас од Балтичкото Море до Германија.
Цената на августовските фјучерс договори со кои се тргува на ТТФ, виртуелната платформа за тргување со природен гас со седиште во Холандија, вчера се затворија на 155 евра за мегават/час.
Со завршување на планираното одржување и почетокот на протокот на „Северен тек 1“, денеска заклучно со 9:18 часот, цената на природниот гас за мегават/час се намали на 146 евра, или за 5,8 отсто во однос на претходното затворање.