Dmitri Chirciu
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
МОСКВА (АА)
Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија, истакна дека географските цели на Русија ќе се прошират со испораката на оружје со долг дострел на западните земји во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лавров во интервјуто за руската новинска агенција „Риа“ се осврна на војната меѓу Русија и Украина.
Шефот на руската дипломатија нагласи дека преговорите меѓу руската и украинската делегација што се одржаа во март во Истанбул.
„Кога преговарачите се сретнаа во Истанбул, имаше една географија. Сега таа географија е поинаква. Сега не се работи за народните републики Доњецк и Луганск, туку се работи и за Керсон, Запорожје и некои други региони. Процесот во однос на ова прашање продолжува постојано и упорно“, рече Лавров.
„Западот во Украина испраќа оружје со долг дострел, вклучително и ХИМАРС [американски артилериски ракетен систем со високи перформанси], за да ја влоши ситуацијата. Тогаш географските цели ќе се променат понапред од постојните линии“, додаде тој.