Ekipa
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
МОСКВА (AA) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров рече дека Москва ги повикува претставниците на идната администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД), да присуствуваат на престојните разговори за Сирија коишто ќе се одржат во Казахстан, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, Лаворов на прес-конференција истакна дека Русија е охрабрена од ставот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека неговата борба против тероризмот ќе биде во фокусот.
Рускиот министер изрази надеж дека в понеделник, во Астана, експертите од Русија и од САД би можеле да започнат разговори за борбата против тероризмот во Сирија. Планирано е в понеделник, во главниот град на Казахстан да се состанат претставниците на сириската Влада и на опозицијата.
„Се надеваме дека новата американска администрација ќе биде во состојба да го прифати повикот“, рече Лавров, додавајќи дека разговорите во Астана ќе бидат прва можност за да се разговара за ефикасна борба против тероризмот во Сирија.
Лавров додаде дека Русија очекува оти соработката за решавање на сириската криза ќе биде попродуктивна отколку што била со администрацијата на Обама.