Esra Kaymak
17 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
САНА (АА) - Најмалку 34 лица загинаа, а 16 се повредени во судирите меѓу провладините сили и шиитските милитанти, Хуси, во јужниот дел на Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на провладиниот центар, Маџид Амир ал-Хариси, за АА потврди дека од загинатите, дваесет и тројца припаѓаат на милитантните Хуси, а единаесетмина се владини војници.
Од крајот на минатиот месец, јеменската војска започна голема акција за ослободување на јужниот дел на јеменската покраина Шабуа.
Јемен е во граѓанска војна уште од крајот на 2014 година, кога Хусите го презедоа главниот град Сана, а потоа и други делови од земјата.
Конфликтот меѓу Хусите и владините сили ескалираше кон средината на 2015 година, кога околните арапски земји започнаа голема кампања со цел да се ослободат делови на Јемен од Хусите.
Преговорите за прекин на огнот со посредство на Обединетите нации (ОН) беа неуспешни.
Се верува дека поради судирите во Јемен се раселени 2,5 милиони жители.